523
Обвинителството има еден осомничен за силување на 13-годишната штитеничка од Домот„ 25-ти Мај“, потврдиле за Телма извори од истрагата. Од осомничениот е земен примерок за ДНК анализа која е вчера отпочната.
Истрагата бара ДНК профилот на осомничениот да биде спореден со ДНК профил на непознат маж кој е откриен при медицински преглед на девојчето лани во ноември. Тогаш малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. При медицинските прегледи било утврдено дека девојчето веќе преживеало силување, а најден е примерок со која е утврден ДНК профилот на мажот кој ја злоупотребил.