Украинскиот министер за енергија Херман Халушенко рече дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил „што е можно поскоро“.
Изјавите на Халушенко се објавени на веб-страницата на украинското Министерство за енергетика. Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето на потрошеното нуклеарно гориво, пренесува Си-Ен-Ен.
Халушенко објасни дека има неколку далноводи за електраната, а последниот е „уништен како резултат на гранатирање цивили“ вчера. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека добила известување од Украина дека Чернобил останал без струја, но дека не гледа дека е загрозена безбедноста на електраната.
– Поради (безбедноста) на Украина или Европа и за доброто на целиот свет, (руската) војска мора да ги напушти нуклеарните капацитети, рече Халушенко.