Има ли таен договор со Бугарија за Цар Самоил, прашува ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Уште еднаш се потврди дека општата загриженост за начинот на кој се водат преговорите во Бугарија од страна на владата на СДСМ е оправдана, уште еднаш се потврди дека последиците кои произлегуваат од преговорите се резултат на катастрофалните политики на Владата, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

-Владата на Ковачевски молчи, додека бугарската страна слави за успех во преговорите со историската комисија. Таканаречената позитивна атмосфера во преговорите овојпат резултира со договор за Цар Самоил. СДСМ, Ковачевски и Османи безидејни како да го прикријат ова со денови одбегнуваат да дадат конкретни одговори на македонската јавност. Ниту граѓаните, ниту пратениците не се информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех – рече Митева.

Што содржи овој таен договор, дали се откажаа од јазикот и кој е договорот за Цар Самоил, праша Митева.

Поврзани новости