Има ли разногласие во врвот на Алијанса за Албанците – одговара Зијадин Села

by Fokus

Гласините дека Арбен Тарвари и Зијадин Села ќе се разделат денес или утре постојат откако постоиме како парија, но тоа нема врска со реалноста внатре во Алијанса, туку се однесува на желби од надвор – одговара Села во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 прашан за наводите во јавноста за разногласие во врвот на Алијанса за Албанците.

“Една од желбите од надвор се и овие апели на т.н. опозиција од кои едниот веќе 20 години е дел од системот, двајца други десет години биле дел од ДУИ и после овие десет години повторно во овој состав имаат повеќе мандат во Владата отколку што имаме ние, но реално дали ги сфаќате целите од повиците што ги прават.

Тие го повикуваат Арбен Таравари како лидер на партијата и веднаш продолжуваат и ги повикуваат членовите на Алијанса, гласачите на Алијанса да се приклучат на опозицискиот блок. Имено, со ова тие јасно покажуваат против кого водат битка. Не водат битка против ДУИ, ниту ја имаат ориентирано кон потребата за промени…, тие битката ја имаат ориентирано за да создадат фракции во Алијанса за Албанците“, вели Села.

 

Поврзани новости