Има ли кривично дело во копањето криптовалути во ГТЦ?

by fokus

МВР вечерва спроведе акција во магацинските простории на Градскиот трговски центар, но се уште не излезе со официјални информации што бараше. Неофицијално, МВР се сомневала на див приклучок на електрична енергија за копање на криптовалути.

Но, на крајот полицијата се откажа и не влезе во просториите каде се наоѓаат таканаречените ригови, машини за копање криптовалути.

„Фокус“ праша во ЕВН дали имаат регистрирано зголемена потрошувачка, но од компанијата објаснија дека ГТЦ има приватни трафостаници кои не се под нивна надлежност.

Ако немало кражба на струја, тогаш нема ни кривично дело, бидејќи копањето на криптовалути во Македонија не е кривично дело. Ова е област која не е забранета, туку единствено не е регулирана.

Инаку, неофицијално, магацинот на ГТЦ е под закуп на син на поранешен пратеник.

К.С.Б.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости