Има ли договор за блокада на Законот за државјанство?

by Фокус

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Сурија Рушиди, вели дека блокадата на Законот за државјанство во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица може да биде координирана стратегија меѓу македонските партии.

-Блокадата со употреба и злоупотреба на Деловникот за работа на Собранието, што не ги ограничува дебатите во Собранието, се добива слика што дава впечаток дека тука веројатно постои координирана стратегија за да се спречи донесувањето на овој закон, на македонските политички партии. Би сакал да не е така – рече Рушиди на Алсат М.

Тој не сакаше да каже дали алудира дека во оваа, според него, стратегија за блокада на Законот е вклучена и СДСМ, која со албанската опозиција постигна договор за интервенција во Законот со десетина амандмани.

Поврзани новости