Има кадар кој што има огромно искуство во работата со респираторите, пред се, анестезилолози, меѓутоа и инфектолози и дел од интернистите кои што во своите одделнија и болници имаат оддели за интензивно лекување.
– Експертизата секојдневно се споделува, се разменуваат искуства, се дискутираат на утринските стручни состаноци клиничките состојби на пациентите, во смисла на индикација за поставување или не на респираторна машина како и соодветна апликација на терапија. Така што ова не е нешто непознато за нашите колеги, имамме огромно искуство во работа со овие апарати, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на лекувањето, тој посочи дека е потребно да има точна индикација и кои параметри се следат и се анализираат кај секој пациент во текот на деноноќието и кои се индикациите од сите тие параметри за поставување на пациент на респираторна машина.
– Еден дел од индикациите се поврзани со сатурација, врзување на крвта со кислородот, понатаму длабочината на дишењето и некои други анализи на крвта коишто укажуваат на процентот на кислородот, така што тоа е оставено во делот на медицинската наука, појаснува Филипче.
Како што најави тој, респираторите кои се донација на НАТО, ќе се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болничка установа во друга, и веќе е изготвен соодветен план за нивна распределување на неколку клиники во Скопје согласно потребите. Во моментот има многу мал број пациенти кои се поставени на респираторна машина во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника.