Вакцини во нашата земја има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично. За релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста, соопшти Министерството за здравство.
Апелира граѓаните да се имунизираат затоа што вакцинирањето е без закажување термин, а вакцините се достапни за секого.
– Вакцините против Ковид-19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста. За да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани, наведува Министерството.
МЗ информира дека досега барем една доза антиковид-вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто повозрасни од 65 години, 50 проценти од населението над 60 години и 40 проценти што се на возраст над 50 години.