Има доволно количини инсулин во инсулинските аптеки, велат од Министерство за здравство

by Fokus

По поплаките од страна на здруженијата на дијабетичари дека повторно нема инсулин, се огласи Министерството за здравство. Оттаму информираат дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка.

Оттаму потенцираат дека количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

„Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика.

Потенцираме, сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија“ соопштија од министерството.

Прертходно денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари се пожалија дека повторно има недостиг на инсулин.

„Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, велат СЗДСМ.

Поврзани новости