Им се случила магнетна привлечност на прв поглед, Камила и Чарлс се вљубени 52 години!

by fokus

Војвотката од Корнвол, Камила Паркер, е жената за која британската кралица Елизабета Втора вели дека искрено сака да ја добие титулата кралица, кога нејзиниот син Чарлс ќе стане крал.

Веста ја објавија британските медиуми, кои во чекор ги следат сите настани поврзани со кралското семејство.

Љубовната приказна на Чарлс и Камила, со децении наназад ги полни насловните страници на тамошните медиуми.

Се запознале во 1970 година, за време на поло натпревар. На прв поглед им се појавила магнетна привлечност и веднаш започнале врска која траела една година.Кога Чарлс се приклучил на Кралската морнарица ја прекинале врската, бидејќи Камила не сакала да го чека и се омажила со офицерот Андру Паркер.

Во 1980 година и Чарлс се решил на брак со Дијана, со која бил во врска една година. Сепак, како што пишуваат британските медиуми, вечно заљубен во Камила, тој ја поканил да биде гостинка дури и на неговата венчавка.

Тоа дека продолжиле со својата врска, и покрај тоа што и двајцата биле во брак, беше очигледно и од изјавата на Дијана во легендарното интервју од 1995 година, кога откри дека во нејзиниот брак секогаш имало тројца.

Во 1992 година беа објавени снимки од телефонски разговори помеѓу Камила и Чарлс, а две години по разводот од Дијана, тој призна дека Камила му била љубовница.

-И бев верен на Дијана се додека не стана кристално јасно дека нашиот брак нема иднина – се правдаше принцот.

Набргу по неговиот развод со Дијана, се разведе и Камила.

Сепак, дури во 2003 година принцот го започна заедничкиот живот со Камила, а се венчаа во 2005. На венчавката беше присутен поранешниот сопруг на Камила, но не и кралицата Елизабета и принцот Филип.

Седум години по венчавката, кралицата и ја додели првата титула на Камила, а по десет години таа за прв пат застана покрај кралското семејство на балконот на Бакингемската палата, што јавноста го протолкува како конечно прифаќање на Камила од страна на кралицата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости