Им се случи љубов на прв поглед на улица, сега чекаат трето дете

by Fokus

Бизнисменот и директор на ФОН, Сефер Цаноски и неговата сопруга Сезен очекуваат принова. Веста дека Сезен е бремена ја објави Сефер на социјалните мрежи. Тие ги имаат ќерките Алара и Алја Мелек, а пак тој има и две деца од првиот брак со Лејла Рамковска, ќерка на Велија Рамковски.

За љубовта со Сезен, бизнисменот раскажа за ,,Фокус” уште пред четири години, кога се венчаа. Фаталната средба им се случила сосема случајно, на една од улиците на Таксим во Истанбул, кога тој пиел кафе и чекал да дојде време за да замине на работен состанок.

-Пиев кафе на коридор во 20-милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почувствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но, не беше до англискиот… За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед-раскажуваше Цаноски.

Убавата Сефер имала кариера во Турција, била банкарка и интернационален трговски менаџер, но поради љубовта оставила се и дошла во Македонија. -Ако немаш љубов, многу е тешко да живееш, работиш и функционираш – ни изјави сопственикот на ФОН Универзитетот, набргу по свадбата која ја направија на брод во Истанбул, во мај 2018 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости