75
МВР информира дека вчера во 13.50 часот во СВР Тетово, 32-годишен жител на тетовско село пријавил дека Б.М. и Ќ.М. од тетовско Боговиње пред една година му ветиле дека ќе му обезбедат документи со кои наводно ќе може да работи во странска земја, а за што на Ќ.М. му платил 2.000 евра и потоа им дал и мотоцикл со иста вредност.
Според пријавеното, со добиените документи не му било овозможено да работи во земјата и сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.