352
Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа Твитер, изјави дека најмил жена да ја преземе функцијата извршен директор на компанијата.
Маск, го купи Твитер лани во октомври 2022 година. Тој на Твитер напиша:
„Возбуден сум што можам да објавам дека имам нов извршен директор за Твитер. Таа ќе започне за шест недели! Мојата улога ќе премине во извршен претседател и Главен директор за технологија, кој ќе го надгледува производот и софтверот“, рече Маск.
Маск не го откри идентитетот на жената.