Илон Маск, сопственикот на платформата за социјални медиуми X, порано Твитер, денеска треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог за време на неговата посета на Израел, пишува Си-Ен-Ен. Кабинетот на претседателот соопшти дека за време на средбата Херцог ќе ја нагласи потребата од борба против растечкиот антисемитизам на Интернет. На состанокот се очекува да се приклучат и претставници на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас.
„Тој ќе зборува за ужасите од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври и за тековната болка и неизвесност на заробените членови на семејството“, соопшти кабинетот на претседателот.
Маск неодамна предизвика жестока реакција поради неговата поддршка на антисемитската објава на X во која се обвинуваат Евреите за поттикнување омраза против белите луѓе.