Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари

by fokus

Одборот на директори на Твитер се согласи на понудата од 44 милијарди долари од милијардерот Илон Маск за преземање на компанијата.

Маск, кој ја даде оваа шокантна понуда пред неполни две недели, тврдеше дека тој е вистинската личност за „отклучување на извонредниот потенцијал“ на оваа компанија.

Тој предложи серија промени од олеснување на ограничувањата за содржините до бришење на лажните профили. Компанијата првично ја одби понудата на Маск.

За потсетување, Маск на почетокот на април купи 9,2 отсто од акциите на „Твитер“. По оваа објава, вредноста на акциите на Твитер порасна за повеќе од 25 отсто. Маск стана еден од најголемите акционери на компанијата, и поседуваше четири пати повеќе акции од основачот на Твитер, Џек Дорси. Уделот на Дорси е 2,25 проценти.

Седум дена по купувањето на акциите, Маск даде понуда за купување на Твитер и рече дека „ќе ја разгледа неговата акционерска позиција“ доколку неговата понуда не биде прифатена.

Маск е еден од најпопуларните корисници на Твитер, со повеќе од 80 милиони следбеници. Тој често објавува детали за своите компании, поради што во неколку наврати е обвинет за манипулирање на пазарот, а против него се покренати и неколку истраги.

Во деновите пред да ги купи деветте отсто од акциите, Маск објавуваше за Твитер и алгоритмите што ја движат платформата.

Маск е најбогатиот човек на светот, според магазинот „Форбс“, со проценета нето-вредност од 273.6 милијарди долари, воглавно поради неговиот удел во компанијата за електрични возила Тесла.

Тој најпрво купи 9.2 отсто од акциите на Твитер за околу 2.9 милијарди долари, со што постана најголемиот поединечен сопстевник на компанијата.

Поврзани новости