Илон Маск ги повика Американците да гласаат за републиканците

by Fokus

Само неколку дена откако ја презеде контролата врз моќната социјална мрежа Твитер, милијардерот Илон Маск денеска им препорача на Американците да гласаат за републиканските кандидати на утрешните избори за американскиот Конгрес.

За неговите ставови за слободата на говорот, Маск се соочи со остри критики од некои групи кои предвидуваат дека неговата позиција ќе го зголеми обемот на дезинформации и говор на омраза на Твитер, пренесува Ројтерс.

Со својот твит денес, Маск се верува дека стана првиот шеф на голем социјален медиум кој експлицитно поддржал американска политичка партија.

Во својата порака до „независните гласачи“, Маск рече дека поделбата на власта ги спречува најлошите ексцеси на двете најголеми политички партии во САД.

„Затоа препорачувам да се гласа за републиканскиот конгрес, имајќи предвид дека претседателот е од Демократската партија“, објави Маск на Твитер, пренесе Танјуг.

Поврзани новости