336
Илон Маск е поканет да дојде во Европскиот парламент за да учествува во јавна дискусија за Твитер, јави ДПА, повикувајќи се на писмо во кое имала увид.
Во поканата до Маск се вели дека платформата не треба „ненамерно да стане катализатор за говор на омраза, мешање во изборите и лажни информации“.
Писмото е со датум од вчера и е потпишано од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Во него американскиот милијардер е поканет лично да учествува во „отворена јавна размена на мислења“.