Европското фудбалско првенство започнува вечерва со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска кој од 21 часот се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен, иако, центарот на вториот по големина град повеќе личи на Глазгов или Единбург. Затоа што е окупиран од десетици илјади шкотски фанови кои, се разбира, пијат безброј хектолитри пиво.
Шкотите владеат со озлогласениот паб „Хофбраухаус“ во Минхен, каде Хитлер држел жестоки говори на патот кон власта и кој се смета за место каде се родило нацистичкото движење.
Сега е туристичка мека за оние кои уживаат во баварските специјалитети.
Репортерите на српски „Телеграф“ сведочат дека таму владеат Шкотите кои тропале со литарски кригли пиво и пееле „No Scotland, no party“, а некои од нив толку се опијаниле што обезбедувањето ги исфрлило.
И иако немало поголеми инциденти, за малку ќе се случела трагедија на скалите што водат до метрото.
Според очевидци, пијан Шкотланѓанец паднал на глава. Со оглед на тоа што големо количество крв доаѓало од неговата рана, многумина помислиле дека падот бил фатален. За среќа, екипа на брза помош била во близина и интервенирала.