Илјадници луѓе ширум светот немаат пристап до YouTube – се плашат дека станува збор за сајбер напад

by Fokus

Корисниците на платформата „Јутјуб“ пријавуваат прекин на интернет видео платформата, што во моментов погодува околу 5.000 корисници, по веста дека „паднале“ апликациите на Мета.

Извештајот доаѓа откако апликациите на Мета, имено Фејсбук, Месинџер и Инстаграм паднаа на глобално ниво во текот на денешниот ден, што влијаеше на милиони корисници ширум светот.

Прекинот беше пријавен во делови од Европа, Кина, Австралија и Мексико – што ги намали цените на акциите на Мета.

Во врска со овој проблем на мрежата Х (Твитер) се огласи и „Јутјуб“, кој е во сопственост на Гугл.

– Работиме на тоа! Ќе ги известиме корисниците кога работите ќе се вратат во нормала – се вели во соопштението.

Во меѓувреме, корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со работата на Vocap, уште една од низата апликации во сопственост на компанијата Мета.

А како што се шпекулира на социјалните мрежи, може да се работи за сајбер напад, со оглед на тоа што „паднаа“ четири апликации истовремено.

Поврзани новости