Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив и други израелски градови барајќи ослободување на 115 заложници кои ги држи палестинското исламистичко движење Хамас, објави синоќа весникот Хаарец.
Говорникот на митингот, чиј вујко беше киднапиран, рече дека воениот притисок врз Хамас ќе доведе до смрт на повеќе заложници. Мајката на друг киднапиран ја повика толпата: „Ова е нашата последна шанса да постигнеме договор што спасува животи“.
Протести се одржани и во Ерусалим, Хаифа, Бершеба и Цезареја пред приватната вила на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавуваат медиумите.
Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците во замена за палестинските затвореници во израелските затвори траат со месеци.
Посредуваат САД, Египет и Катар.