Илјадници луѓе на протестите бараат смена на владата на Нетанјаху и ослободување на заложниците

by fokus

Илјадници Израелци демонстрираа денеска во неколку градови повикувајќи на смена на владата, што се совпадна со протестите на семејствата на израелските заложници во Газа кои се собраа пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Весникот „Једиот Ахронот“ пренесува дека илјадници Израелци протестирале во Хаифа, барајќи смена на владата и распишување предвремени избори во Израел.

Во градот Кфар Саба, во близина на Тел Авив, стотици луѓе демонстрираа под слоганот „Избори сега“, според истиот извор.

Стотици луѓе, исто така, демонстрирале и во градот Раанана во близина на Тел Авив.

Нетанјаху се соочува со низа критики од израелската јавност и некои политичари поради кризата со заложниците во Газа и неговиот неуспех да најде начин да обезбеди нивно безбедно враќање во Израел.

Десетици семејства на заложници во Газа, исто така, демонстрираа пред куќата на Нетанјаху во градот Цезареја, барајќи нивно ослободување.

При нападот на Хамас на Израел на 7 октомври, беа убиени близу 1200 луѓе, додека најмалку 239 беа киднапирани и одведени во Газа. Потоа, при договорена размена беше ослободен дел од заложниците, но во енклавата веќе четврти месец во заложништво се уште најмалку 136 Израелци.

Поврзани новости