Илјадници граѓани во Скопје денеска бараа „правда за Фросина“

by Fokus

„Имаме луѓе задоени од чемерот на антисистемот претворени во наркодилери, убијци и тешко потплатени судии и обвинители“ рече таткото на трагично загинатата Фросина, Тодор Кулаков во своето обраќањето пред насобраниот народ кој во Скопје бараше правда за Фросина.

– Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни создава универзални вредности, правила, цивилизациски конектори, начела каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. Затоа некои од нив зарадни нивниот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време – со солзи во очите рече Кулаков.

Судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повеќе мито, тој добива – рече Кулаков.

Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претворајќи се во наркодилери, насилници, убијци заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други. Кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива. А по поравило без исклучок тоа криминалците и нивните адвокати добиваат, рече Кулаков.

Поврзани новости