480
Неколку илјади луѓе демонстрираат во Париз и низ цела Франција, на крајот на неделата обележана со изјавите на Емануел Макрон за невакцинираните и во очекување на дебатата во Сенатот, закажана за понеделник, на која ќе се разгледува предлог-законот за воспоставување пропусница за вакцинираните против Кавад-19, јави дописникот на МИА од Париз.
Претседателот Еманул Макрон во петокот изјави дека „целосно” ги потврдува неговите забелешки дадени во вторникот за невакцинираните, за кои рече дека сака да им „пречи”, обвинувајќи ги некои од нив дека сакаат „нивната слобода, која станува неодговорност, да ја претворат во парола”.