Поранешниот албански претседател – Илир Мета, реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на шест главни национални патни правци.
Тој во објава на Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, им се заблагодари на учесниците на митингот наведувајќи дека „Албанците храбро застанале да ја земат судбината на Албанија во свои раце“.
– Срдечна благодарност и признание до стотиците илјади патриотски Албанци ширум земјата кои застанаа со храброст и силно патриотско и национално чувство, во неотповиклива пресметка со нарко-државата, да ја земат судбината на Албанија во свои раце. Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата!“ – пишува Мета.
Опозицијата вчера од 17 до 20 часот ги блокираше патиштата, на неколку места имаше судир меѓу полицијата и учесниците, беа запалени гуми и контејнери за отпад.