Илир Мемети на местото на Хамиди – нов генерален директор на М-НАВ и претседател на Управниот одбор

by Fokus

“Македонското небо“ доби нови директори во раководството на М-НАВ по инцидентот во Контролата на летање.

Одлуката е владина, разрешени се Фахрудин Хамиди, а го разрешија и директорот Љубе Стаменковски кој претходно си поднесе оставка, додека Хасим Деари останува на позицијата директор во М-НАВ.

На местото на Хамиди и Стаменковски доаѓаат Илир Мемеди и Милан Кораќ. До ваквите промени дојде откако незадоволството коешто веќе подолго време трае во Македонска навигација, ескалираше по упадот во оваа институција а во истиот меѓу осумте лица беше и Беким Неизири кој е прв човек на чарскиот огранок на ДУИ.

Поврзани новости