Директорот на Клиниката за трауматологија, Илир Хасани преку отворено писмо за јавноста ги осуди сите обвинувања на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за аферата „Шпанско село 2“
„Принуден сум да реагирам и да ги демантирам тврдењата на порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски претставени на прес-конференција на 3 март, во која се манипулира со фактите и аргументите кои се јавни.
Изнесените обвинувања се смешни и неосновани и не чувствувам потреба да реагирам, но заради почитувањето на јавноста сакам накратко да ја изложам тенденцијата за манипулација. Јас, Илир Хасани, под целосна морална и правна одговорност, изјавувам:
Имотот што беше спомнат на конкретната прес-конференција, наводно купена од мене сега, е купен во 2015 година, во време кога не сум бил директор. Имотот е купен од приватен и законски сопственик.
Овој имот, како и сè друго што го поседувам, во моментот на назначувањето за директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, се наведени во анкетните списоци на Антикорупциска комисија. Јас не сум и никогаш не сум бил советник на министерот за здравство Венко Филипче, а бев назначен за координатор на министерот за здравство, за трауматологија и ортопедија како кадар на ДУИ, во времето кога министер беше Арбен Таравари.
За мојата работа како директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ, особено за јавните набавки, сум се стремел да бидам што е можно по транспарентен. Сите годишни извештаи се презентирани пред медиумите и јавноста, за секоја година, и истите продолжуваат да бидат објавени Сите горенаведени точки можам да ги оправдам јавно со редовна документација.
Замолувам, да не се искривуваат фактите за потребите на дневната политика. Како прво, јас сум граѓанин што го почитува законот и како професионалец во мојата работа ги повикувам надлежните органи да ги испитаат сите мои постапки. Под целосна морална и правна одговорност изјавувам дека во ниту еден момент не сум го прекршил законот и сум во состојба да сведочам и да одговорам за се. Моето богатство е плод на мојата работа и на моето семејство, постигнато чесно и неуморно, а најголемо богатство ми се професијата, честа и мојот углед и на моето семејство“, пишува Хасани.
Фото – Motiv – TVM2