Во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2 Август – Денот на Републиката, Владата информира дека за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“.
Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2 Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ и ќе има обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце.
Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“ на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието.