Илина Арсова и ,,Седумте” поддржана со 2.200 евра!

by Fokus

Планинарката и алпинистка Илина Арсова доби поддршка за проект од областа на литературата и издавачката дејност за 2022 година. Според резултатите од „Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година“, на Арсова и е одобрена поддршка од 134.061 денари, односно околу 2.200 евра за делото ,,Седумте” при Издавачки центар Три.

Како потсетување, таа стана првата Македонка која ги искачи највисоките врвови на седумте континенти, кон крајот на 2019 година.

-Мисијата ,,Седум врвови” е завршена! Македонското знаме е на врвот Винсон на Антарктик со ладни раце, но топло срце.

Со ова искачување, станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти, според Меснерова листа, што е врвен успех во планинарските спортови. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното- објави тогаш Арсова на социјалните мрежи.

Вкупно 430 проекти биле одобрени од областа на литературата и издавачката дејност годинава, и за нив е одобрен вкупен износ од 58.975.008 денари, информираа од Министерството за култура.

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости