Од Републичкото Јавно обвинителство потврдија дека осудениот Бобан Илиќ е вратен во притвор каде ќе биде задржан до правосилноста на пресудата.
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд Куманово достави Предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 2 во врска со член 297 ст. 1 од Кривичниот законик. Обвинителот побара лицето да биде задржано во притвор до правосилноста на пресудата, со цел да се обезбеди неговото присуство. Кривичниот совет на Основниот суд Куманово го прифати предлогот и определи мерка притвор за обвинетото лице“, велат од таму.