Илија Димовски: Уште овие избори, па се женам!

by lali

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски наводно по последните избори во ноември, планира конечно да „рипне во тавче“. Избраничката сѐ уште не е позната на јавноста, меѓутоа Димовски, според извори на Вестите од иднината, на своите партиски другари им рекол дека „таа е таа“ и оти ќе чека да ја запроси на гласачко место.

– Минимум 20 души од администрацијата ќе бидат сведоци на овој свечен чин – се фалел Илија.

Сепак, нашите информации велат дека Димовски тешко се откажувал од ергенскиот живот, па дури на два-три пати им предложил на своите сопартијци да пијат по едно пиво во „Боемската улица“ на Андреј Жерновски.

Информацијата стигнала до врвот на партијата, од каде Мартин Протоѓер и Влатко Ѓорчев експресно реагирале со закана дека „ако Илија не се жени, ќе му купиме мачки – како што налага традицијата“! За раководството на ВМРО-ДПМНЕ не било прифатливо човек кој со сите сили го брани традиционалниот брак во Собранието истиот да не биде женет и сѐ уште да нема три деца.

PicMonkey Collage

Не се обидовме да го добиеме Илија Димовски за коментар, бидејќи како во минатото така и во иднината тој не крева телефон.

Disklejmer

Поврзани новости