На Правниот факултет, при Државниот универзитет во Тетово, ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор за да се утврдат наводите на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски напредувале во научните звања. Вонредниот надзор ќе го врши раководителот на секторот за иснпекцитеки надзор, Афри Саљију, кој, според Илиевски, има конфликт на интереси.
Како што вели Илиевски, Саљији не смее ни да влезе во овој факултет бидејќи неговата ќерка работи таму.
-Самото негово одење таму има судир на интереси бидејќи на тој Правен факултет каде што извршивме инспекциски надзор е вработена неговата ќерка. Тоа е судир на интереси тој да истражува. Ќе биде интересно да се види што ново ќе откријат по нашите документи – изјави Илиевски за ТВ 24.
Тој додава дека со вонредниот надзор ќе се настојува да се промени неговото решение, со цел, како што вели, Инспекторатот да го заташка случајот.
Илиевски откри дека министерот за образование, Арбр Адеми, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, незаконски напредувале во научните звања, иако требало нивната професорска позиција да биде во мирување бидејќи во исто време извршувале функција во Владата.