Првиот човек на ЈСП „Скопје“, Иван Илиевски после пет месеци си поднесе оставка од функцијата директор на Јавното Сообраќајно претпријатие.
Тој беше назначен пред неколку месеци од страна на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
„Фокус“ испрати неколку прашања и до кабинетот на Арсовска, но до објавувањето на текстот не добивме одговори.
Исто така, го побаравме и сега веќе стариот директор Иван Илиевски, кој беше недостапен на телефон.
„Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи и за развој на Центрите за обука на институции, како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на Менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје“ – информираа тогаш од Град Скопје.