Илиевски:  500 евра минимална плата за достоинствен живот на работниците

by Fokus
Социјалниот дијалог гледаме дека е уништен. Владата го блокираше функционирањето на Економско-социјалниот совет и одбива да ги слушне барањата на работниците за поголеми плати. Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра, но Владата ги игнорира, истакна потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, во интервју за 24инфо.мк.
Илиевски нагласи дека со висина на потрошувачката кошница од 63.773 денари на едно семејство му требаат три минимални плати за да преживее.
СДСМ силно поддржува покачување на минималната плата и сметаме дека треба да биде 500 евра, за да може со две минимални плати да се покрие синдикалната кошничка месечно. Тоа достоинствено. Веќе во оваа држава треба да се зборува за достоинствена а не за минимална плата., додава Илиевски.
Владата се иззема од одговорност, велат ќе прифатиме решение кое ќе го договорат синдикатите и работодавачите. Дали е тоа воопшто социјален дијалог? Тоа се преговори меѓу работниците и газдите, со неизвесен исход. ДПМНЕ веќе нема ни разговор со работниците, немаат ниту еден социјален дијалог, со граѓаните изгубија секаква комуникација, со претставниците на целните групи кои бараат да имаат поголеми плати. Како што изгледа, Власта не ни мисли да ја покачи минималната плата, рече Илиевски.
Потпретседателот Илиевски потсети дека во времето кога СДСМ беше на власт, платите континуирано се покачуваа, а минималната плата се покачи од срамно ниските 8.000 на над 22.000 денари.
Сега кога се е поскапено не треба да се прекине растот на платите, тоа работниците не го  заслужуваат. СДСМ даде повеќе економски предлози, поднесовме и закон за минималната плата, но власта не ги прифати. Нека каже власта што мисли да прави со животниот стандард на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, истакна потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, во интервју за 24инфо.мк.

Поврзани новости