ИКС: Видеото со извидникот Петар е наша сопственост

„Секој малолетник кој е сниман е со дозвола на родителите.“

by fokus

Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска преку соопшение информираше дека видеото со извидникот Петар Ачкоски е сопственост на Институтот.

-ИКС овој викенд снимаше кратки видеа за извидниците и за нивната љубов кон природата, но и како треба да ја заштитиме. Секој малолетник кој е сниман е со дозвола на родителите. Материјалот кој се споделува е работен материјал, кој за жал, вирално се прошири.
Извидникот Петар, како и сите други извидници со кои ги снимавме нивните авантури на изворот на реката Бабуна веќе од денеска ќе може да ги следите на социјалните канали на ИКС, соопшти директорката на Институтот, Жанета Трајкоска.

Видео клипот за многу кратко време се прошири на социјалните мрежи и достигна голема гледаност, но сепак, и покрај позитивната енергија која ја пренесе, родителите на Петар не сакале истото да се споделува.

Поврзани новости