785
Иконата на Барселона, Лионел Меси попладнево со своето семејство од аеродромот „Ел Прат“ каде што претходно беше и неговиот татко се упати за Париз.
Најавите се дека во Париз ќе биде во 15:00 часот, ќе следуваат лекарски прегледи, а утре се очекува промоцијата.
Како што известува Фабрицио Романо на својот Твитер профил, Лионел Меси во новата сезона ќе го облече дресот на ПСЖ.
Овој извор вели дека двете страни се согласија Аргентинецот да потпише договор на две години со францускиот клуб.
Во договорот ќе има опција за продолжување на истиот до јуни 2024 година.
За еден од најдобрите играчи на светот вклучена е плата околу 35 милиони евра нето по сезона.