ИКОМОС Македонија ја стави во употреба базата на податоци креирана во рамките на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“

by Fokus

ИКОМОС Македонија соопшти дека е ставања во употреба базата на податоци за состојбата на повеќе од 700 православни сакрални градби (цркви и манастири) во сите осум епархии на МПЦ – ОА што се наоѓаат на територијата на РС Македонија.

„Базата на податоци која е прва од ваков вид во нашата земја, произлезе како резултат на теренските увиди кои се реализираа во рамките на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ во текот на 2022 и 2023 година од страна на пет стручни тимови на ИКОМОС Македонија, како и на работата на група професионалци кои работат на нејзиното ставање во функција“ наведуваат во објавата.

Поврзани новости