„Икеа“ со реклама и одаде почит на Ангела Меркел

by fokus

Дојде крајот на една ера… Имено, Ангела Меркел по 16 години раководство, му ја предаде Сојузната канцеларија на нејзиниот наследник Олаф Шолц.

Меѓу другите, и шведската компанија „Икеа“ се прости од Ангела Меркел, сподели шведскиот политичар Карл Билт. Фирмата ѝ оддаде почит на поранешната германска канцеларка со реклама што денеска се појави во два германски дневни весници – „Зидојче цајтунг“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Како што може да се види на интернет-просторот, каде што споменатата реклама се споделува со неверојатна брзина, е прикажана жена која „неописливо потсетува“ на Меркел. Таа седи во фотелја и ги држи рацете скрстени – препознатлив став на поранешната канцеларка. До сликата пишува „Конечно дома“.

Инаку, како што претходно рече Шолц, тој сака да ја води Германија во светла иднина со новата „семафор-коалиција

Поврзани новости