488
Во последните неколку дена Мауро Икарди е во конфликт со раководството на Интер.
Како резултат на тоа, тој прво беше лишен од капитенската, а потоа побара да биде отстранет од групата на тимот за шеснаесетфиналето во Лигата на Европа против Рапид Виена.
Напаѓачот ја искористи социјалната мрежа „Инстаграм“ и сподели што мисли за новонастанатата ситуација.
Аргентинецот сподели своја фотографија, до која напиша цитат од Марк Твен: „Подобро да молчиш и да изгледаш глупаво, отколку да ја отвориш и да ги отстраниш сите сомнежи за тоа“.