Икарди го извиси Интер и за дербито со Милан

by fokus

Интер нема да може да смета на Мауро Икарди во неделата на „Дерби дела Мадонина“ против Милан, објави Тутоспорт.

Разговорите меѓу Аргентинецот, неговата сопруга Ванда Нара и извршниот директор Џузепе Марота не довеле до потребниот резултат и напаѓачот нема да ги обнови тренинзите со тимот.

Во четвртокот на Интер му претстои многу тежок реванш со Ајнтрахт (Франкуфрт), а опциите пред тренерот Лучано Спалети за избор на почетен состав се крајно ограничени. Интер има точно 11 играчи од сениорскиот состав, а Икарди нема да му помогне на својот тим во Лигата на Европа.

Ситуацијата на напаѓачот е сосема комплицирана откако му беше одземена капитенската лента, при што официјалната причина за неговото отсуство е повреда на коленото. Ова значи дека Интер ќе игра без Икарди во следните два исклучително важни натпревари, што може целосно да ја промени сезоната на „нероазурите“.

Поврзани новости