Институтот за јавно здравје отвори телефонска линија, на која стручни лица ќе нудат совети и стратегии за успешно одвикнување од цигари.
-Институтот за јавно здравје започнува телефонска линија за советување, со цел да Ве поддржи во Вашиот процес на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе Ви понудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето – се вели во соопштението.
Телефонскиот број 078 285 873 ќе биде достапен секој понеделник и среда од 11:00 до 13:00 часот.
Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.