Играорецот од Косово кој вчера го постави албанското знаме на Самоиловата тврдина плати парична казна од 1.100 евра и доби 5 години забрана за влез во Македонија. Казната ја одреди судија на претходна постапка по вчерашниот инцидент кога четворица членови на фолклорната група Арбераши од Косово, го поставија албанско знаме на тврдината во Охрид како дел од кореографија за нивен видео запис.
Казнетиот играорец веднаш ја напуштил Македонија во придружба на полицијата.
За овој инцидент биле приведени две лица, но казнет беше само играорецот Ѓерг Прекоцај (50) од Косово, а со место на живеење во Лозана, Швајцарија.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека поставувачите на албанското знаме во Охрид се културно уметнички работници и поради тоа казната требало да биде поблага.