456
Дефанзивниот фудбалер на Манчертер Јунајтед, Ерик Бејли, на неговиот твитер-профил сподели фотографија заедно Антонио Валенсија, Пол Погба и Антоан Марсијал, на која напишал: „Македонијо, ние доаѓаме!“.
Тимот на англискиот тим се очекува во секој момент да пристигне на скопскиот аеродром, каде веќе пристигнаа играчите на Реал Мадрид.
Двата тима утре во 20:45 часот на „Телеком арената“ ќе се борат за титулата во УЕФА Суперкупот.