Игор си заминува од Детска клиника без да добие „трикафта“

by Fokus

Не завршува агонијата на пациентите болни од цистична фиброза како што е Игор Пехчевски, кој објави за овој проблем пред неколку месеци. Тој деновиве беше хоспитализиран на Детската криника, каде бил примен откако состојбата му се влошила. На Клиниката примал антибиотска терапија додека ја чекал трикафта. Сакале да го отпуштат предвреме за да бидe за празниците дома со фамилијата, но по негова иницијатива ќе остане во болничкиот кревет до овој вторник.

-Моето лекување почна на 04.04.2023 и задолжително е да трае до 17.04.2023 година. Сакаа да ми ускратат цели 2 дена од примањето на венската терапија. Периодот за хоспитализација секогаш ни е предвидена 14 денови на секои  3 месеци. Незнам зошто некој мене би ме испишал пред време? – прашува Игор откако денеска му било речено дека може да си оди.

Директорката на Детска Клиника, др Стојка Фуштиќ, вели дека состојбата на Игор е стабилна, неговите резултати од испитувања се добри, и дека ништо не менува ако периодот на хоспитализација го заврши порано.

-Јас тоа му го предложив за негово психичко добро, затоа што се велигденски празници, а тој е верник, па ќе може да отиде во црква. Тоа е негов избор, ако сака да остане, нека остане – вели Фуштиќ за „Фокус“.

Но ни таа не знае кога пациентите како Игор ќе го добијат лекот кој го чекаат стотина пациенти со истата дијагноза. Со интервентен увоз беше набавена терапија за 12 пациенти за период од една година. Осумдесет, и повеќе, се уште чекаат.

Во Министерството за здравство е формирана комисија која за период од три месеци треба да усвои протокли и подзаконски акти за во иднина терапијата да se набавува навреме. Но пациентите велат дека се уште не е обезбеден буџет за набавка на современата терапија ниту се почнати преговори со фирма со која би се склучил договор за набавка.

Поврзани новости