Игор Николовски (50) е Македонецот кој е брутално убиен во Бугарија

by Fokus

Убиениот Македонец во Сончев Брег (Бугарија) е Игор Николовски (50), а сторителот на делото е 14 годишно момче Михаил Х, за кое бугарските медиумите пишуваат дека е од ромска национаност.

Според извори на бугарскиот портал Flagman.bg убиството се случило откако Македонецот се обидел да го принуди малолетникот на сексуални односи.

Наводно 50-годишникот му предложил да одат на затскриено место, во напуштена барака каде ќе можат да имаат интимни односи, но Михаил побеснел, па зел дрвен кол и му нанел неколку повреди во пределот на главата.

Потоа, според пишувањата на медиумите, телото го скрил во блиската шума крај ресторанот „Бчвата“ и го сокрил прекривајќи го со даски и шут.

Овие информации на бугарските медиуми се уште не се потврдени од полицијата, иако според истрагата, мотивите се или педофилија, но можен грабеж затоа што 14 годишникот бил проблематичен и и бил познат на полицијата по криминални дела.

Доколку Михаил биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен.

Полицијата најави повеќе детали за мотивите за убиството во текот на денот.

Поврзани новости