Игор Југ во моментот е на распит во Кривичниот суд

by fokus

Игор Југ, за кого обвинителството информираше дека ја прошириле истрагата, поточно го сомничат за водач на толпата која упадна во законодавниот дом на 27 април, во моментот е на распит во Кривичниот суд.

Утринава во 5,15 часот бил пуштен од истражниот затвор „Скопје“, бидејќи му истекол осумдневниот притвор, но полицијата го превземала од затворот и го однела во Основниот суд Скопје 1.

Од Основното јавно обвинителство Скопје потенцираат дека ја прошириле истрагата за Игор Југ, и во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка поднеле предлог за продолжување на мерката притвор.

Притворот се бара по сите основи, затоа што обвинителството се сомнева дека осомничениот може да избега, да ја попречи истрагата или да го повтори делото.

 

Поврзани новости