Игор Југ се изнервира во судница и скокна од столчето

by fokus

Обвинетиот Игор Југ, на продолжението од денешното судење за организираниот напад на Собранието  на 27 април 2017,  сакаше да му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој денеска сведочи. Тој на одговор на судијката Добрила Кацарска дека не дозволува да му се постави неговото прашање на сведокот, скокна од столчето и се упати кон излезот на судницата, објави порталот СДК.

Во обвинението стои дека Игор Југ имал за цел да го ликвидира Зоран Заев. Toj е меѓу 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

„Изволте. Отстранете ме од судницата. Судите 33 Македонци. Каде е српскиот шпион Живаљевиќ?“, викаше Југ.

Судијката го предупреди да не си ја отежнува и онака тешката состојба во која се наоѓа и дека таа не одлучува кој е обвинет, туку Обвинителството.

Поврзани новости