539
Вистинските виновници кои ги отворија вратите, но и македонските чегевари и организатори на протестите се амнестирани, а ние обичните смртници скапуваме по затворите, рече обвинетиот Игор Југ во завршните зборови за крвавиот четврток.
Кој ќе даде задача на ветеринарен техничар да изврши атентат? Ако дал наредба некој за атентат на премиерот, зошто не го фатат тој што нарачувал атентат? Пратениците пак се бранеа со молчење за да не бидат прашани кој го нарача нападот. Главните актери се на слобода, слободно располагаат со нивните дебели банкарски сметки, рече Југ.
За во четврток се закажани завршни зборови на последните четворица обвинети. По ова следи и пресуда.