720
Игор Југ, осомничен за насилството што се случи на 27 април во Собранието, уште во текот на вчерашниот ден, откако беше уапсен во Куманово, по распишана потерница, бил спроведен во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи уште во април му беше одредена мерка притвор од 8 дена.
Времетраењето на притворот од осум дена е бидејќи во моментот на поднесување на предлогот лицето се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка.
Во моментов за осомничено лице, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик, велат од Јавното обвинителство.