СДСМ формираше нов партиско тело: Совет за креирање и имплементирање политики, а за претседател на Советот е избран Игор Ивановски, поранешен потпреседател на СДСМ.
-Овој совет како помошно тело на претседателот на партијата ќе креира политики и стратегии, но и ќе ја следи имплементацијата на проектите. За претседател на ова тело е избран Игор Ивановски.
Започнуваме процес на отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Суштински го менуваме курсот во делот на комуникација со членството и граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Фокус“ вчера објави дека високи функционери на СДСМ од времето кога претседател беше Бранко Црвенковски, но се пасивизираа откако партиски лидер стана Зоран Заев, повторно ќе заземат високи позиции во новото партиско раководство предводено од Димитар Ковачевски.