Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Тој најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и Обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и владеење на правото.
Во периодот што следува ќе се обрне поголемо внимание на измените на законите за Судскиот совет, за Јавното обвинителство, за Советот на јавните обвинители, спроведување на реформската агенда во рамките на процесот на имплементација на планот за раст на Западен Балкан, патоказот за владеење на правото, кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел – завршување на преговорите, како и вклучување на земјите кандидати во извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото.